Леклер: Ќе биде тешко по смртта на Хубер

Шарл Леклер смета дека враќањето на Спа-Франкошамп, ќе биде тешко викендов, откако Формула 1 заедницата ќе се присети на смртта на Антоан Хубер пред 12 месеци.

Хубер го загуби животот во ужасна несреќа по излезот од О’Руж минатата година. Смртта на французинот беше сенка за Белгиското Гранд При, а особено влијаеше над младите возачи кои живееле со Хубер и имале блиско пријателство во јуниорските тркачки денови.

За Леклер особено, кој стигна до својот прв триумф во Формула 1 еден подоцна.

Спа-Франкошамп има големо значење за мене во моето срце. Иако тука беше мојата прва победа, исто така е и место каде го загубивме Антоан пред една година.

Ќе биде тешко да се вратиме на патеката и тој ќе биде во нашите мисли целиот викенд – се присети младиот возач од монако.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ