Лотерер смета дека во Формула Е има подобри возачи одошто во Ф1

Поранешниот Формула 1 возач, Андре Лотерер, смета дека критиките на Формула Е од страна на Кристијан Хорнер се всушност комплимент за електричната тркачка серија.

Неодамна шефот на Ред Бул изјави дека Формул Е не ги донела посакуваните успеси затоа што нема страст и не ги вовлекува луѓето.

нема бучава, нема страст, нема пасија, нема никаква атмосфера. очигледно е дека производителите се повлекуваат од тој шампионат – изјави хорнер за OMR.

Тој е во право дека Ауди, БМВ и Мерцедес се повкоа од електричната тркачка серија, но Лотерер, патем возч на Порше, смета дека критиките на Хорнер се комплимент.

тоа покажува дека индиректно формула е му е многу важна на него, но то се два различни светови кои не може да се споредат. шампионатот има светла иднина и нема многу алтернативи за производителите да ја покажат својата електрификација.

ако формула е не беше добра немаше да опстои. на почетокот беше предизвикувачки, но превземените чекори се големи и знаеме какви перформанси може електричните болиди да испораќаат. комбинирање на моторспорт на тој начин е кул приказна – смета лотерер.

Но, во однос на квалитетот на возачите, Лотерер смета дека во Формула Е има подобри возачи одошто во кремот на моторспортот.

двете серии имаат врвен талент, но просекот во формула е е поголем затоа што сите се професионалци и никој не плаќа за да вози. сите си го заработиле своето место со талент. неколку возачи немаат место во формула 1, тоа е јасно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ