Луис задоволен од судот во Бразил по казната за Пике

Луис Хамилтон го пофали судот во Бразил откако го казнија трикратниот Ф1 првак, Нелсон Пике, за расистички и хомофобни коментари.

Судот му изрече казна од околу 950 илјади долари на Пике за неговиот коментр во подкаст од 2021 година кога од него се бараше мислење за сударот помеѓу Луис Хамилтон и Макс Верстапен на Британското Гранд При. Кусо потоа, Пике се извини за она што го кажал, но посочи и дека расистичкиот збор кој го употребил не бил наменет да навреди некого туку тоа бил збор што “на големо“ се користи во бразилско-португалскиот речник.

Бразилската LGBT+ Alliance поднесе тужба против Пике за 1,58 милиони фунди за морална штета, но Судот ја намали казната.

кога се случи целата работа, јас дадов изјава дека не треб да им даваме платформа за кажување ан своето мислење на луѓето кои се полни со гнев и омраза. сакам да ја поздравам и поддржам бразилската влада затоа што тоа што го направај е неверојатно, да се посочи неој виновен за таков коментар е одлично.

расизмот и хомофобијата се неприфатливи и нема место за нив во нашето општество, така што мило ми е што некој се бори против тоа. сакам повеќе влади да земаат пример од бразил, а во африка има над 30 земји кои имаат проблем со тоа. може многу да се научи од бразлскиот суд.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ