Луис застана против одлуката на Врховниот суд во САД околу абортусот

Седумкратниот поранешен Формула 1 првак, Луис Хамилтон, застана против одлуката на Американскиот Врховен суд кој го прекина правото на абортус во земјата.

Судот го скрати правото на абортус во Соединетите Американски Држави, а таквата одлука донесе многу голем гнев низ земјата, а не е мал ни бројот на познатите личности кои јавно ја критикуваа.

Самиот Хамилтон редовно е борец за човековите права и ја нападна одлуката преку својот профил на Инстаграм.

одвратна е одлуката која врховниот суд ја донесе денеска. не разбирам зошто моќта се користи за д асе ограничат и намалат некои права од милиони луѓе. одлуките се насочени кон најранливите, жените, обоените луѓе, членовите на лгбт заедницата и слично.

Индикат возачот Далтон Кале, тениската легенда Били Џин Кинг, капителот на американската фудбалска репрезентација Меган Рапино како и НБА Комесарот Адам Силвер беа помеѓу оние кои ја критикуваа одлуката.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ