Луис се наврати на Абу Даби: Се чувствував измамено

Луис Хамилтон ги откри своите чувства по контроверзното финале од минатата сезона и трката во Абу Даби каде во последниот круг ја загуби титулата.

Седумкратниот првак посочи дека се оствариле неговите најголеми стравови на последната трка од 2021 година кога сфатил дека го загубил насловот. На последната трка од сезоната тој и Макс дојдоа со исти број на поени, така што оној што ќе имаше подобар пласман од другиот стануваше првак.

На пет кругови пред крајот Луис беше на истрошен хард со 11 секунди предност во однос на Верстапен пред Николас Латифи да се удри во ограда и да донесе безбедносно возило. На крајот од 58от круг тката беше рестартирана, но само оние кои се наоѓаа помеѓу Луис и Макс претекнаа и дојдоа во исти круг со водечките. Маси сакаше да даде круг спринт трка за освојување на титула, но Ред Бул во меѓувреме имаа променето гуми кај Верстапен и беше јасно оти со нов софт тој ќе биде супериорен.

На 5та кривина од Јас Марина, Верстапен го мина Хамилтон и освои титула.

како што трката привршуваше, почнаа да се остваруваат моите најголеми стравови. мислев дека нема шанси да помине тоа што се случи на крајот под ебзбедносно возило, дека нем ада биде дозволено, но се случи. не можам со зборови да објаснам какво беше чувството.

се сеќавам дека седев и не ми се веруваше, знам дека морав да го откопчам појасот, морав да излезам од болидот и да се појавам на подиумот, морав да направам многу работи и да најдам сила за тоа. немав сила, беше многу тешко, не сум се чувствувал така никогаш.

знаев што се случи, знаев каква одлука беше донесена и зошто, знаев дека не беше исправно – посочи седумкратниот првак.

Откако излезе од болидот, Луис му честиташе на Макс на победата, а беше утешен од својот татко Ентони во парк ферме.

тој ме охрабри, ми кажа дека е премногу горд на мене, а такво охрабрување од татко влијае фантастично, особено затоа што сме имале многу тешки моменти додека јас раснев.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ