Луис супер возбуден што ќе вози МотоГП

Шестркатниот Формула 1 првак, Луис Хамилтон, откри дека е супер возбуден од шансата да вози МотоГП машина како дел од промотивниот настан на кој ќе си ги менуваат “превозните средства“ со легендарниот Валентино Роси.

На Рикардо Тормо автодромот во Валенсија во Декември, производителот на енергетски пијалоци Монстер, ќе организира настан на кој Луис Хамилтон ќе вози Јамаха, а Валентино Роси ќе вози Мерцедес.

Луис долго време не ја крие својата љубов кон моторциклите, а лани имаше и супербајк тест со Јамаха на кој се покажа исклучително брз. Докторот од своја страна има тестови со Ферари на средина од 2000-те години, а италијанците сериозно размислуваа да го ангажираат за возач во екипата.

супер возбуден сум. возам моторцикли последните години, а имам само три денови на патека со мотор, но тие денови беа неверојатни и секогаш следам мотогп.

во мерцедес има мала група која сака да вози мотори, а тоа е нешто што посакувам да го правам од најрана возраст. тоа е хардкор, а да се биде на иста патека во исто време со валенино ќе биде нереално и огромна чест.

тој е икона на спортот и направил толку мнгоу за спортот и ќе биде навистина кул да го видам во мојот формула 1 болид – нетрпелив е хамилтон.

Лани шампионот во МотоГП серијата, шпанецот Марк Маркез возеше Торо Росо, додека Хорхе Лоренцо возеше стар Мерцедес В05 на Силверстон. Алонсо во 2015 и 2016 година имаше тест за Репсол Хонда како дел од прославата за Денот на благодарноста на Хонда во јапонски Мотеги.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ