Лук Браунинг се приклучува во Академијата на Вилијамс

Актуелниот ГБ3 шампион и Формула 3 возач, Лук Браунинг, се приклучи на Вилијамс возачката академија. 

Добитникот на наградата млад возач на годинава во Велика Британија е најновиот член на академијата покрај Зак О‘Саливен. Тој вози за Пулс Ејт во Формула 3 и е на 10та позиција со 14 поени и највисока завршница на петто место. Минатата година имаше доста успех откако ја освои ГБ3 титулата со пет победи и осум подиуми. Тој изјави дека е пресреќен што е дел од академијата.

Среќен сум што ќе сум дел од академијата на Вилијамс. Едно големо фала до Вилијамс за шансата што ми ја дадоа. Среќен сум што ќе сум дел од семејството кое ми е сон, а наследстовото на тимот е огромно. Не можам да дочекам да започне ова се. 

Спортскиот директор, Свен Сметс, додаде:

Задоволни сме што тој ќе вози за академијата. Тој е многу талентиран и успешен возач со многу награди. Сите сме среќни што ќе работиме со него во текот на годината. Ќе има шанса да се докаже и да вози во симулаторото во Гроув. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ