Лундгард: Фетел тешко би се приспособил на Индикар

Младиот Кристијан Лундгард изјави дека четирикратниот шампион, Себастијан Фетел, тешко би се приспособил на барањата на Индикар доколку реши да се проба таму. 

Шпекулациите за пензионирањето на Фетел се остварија и Боби Рахал од Индикар изјави дкеа би му дал на герменцот да го проба нивнитот болид. Лундгарт потврди дека потпишал повеќегодишен договор со тимот на Рахал и даде свое мислење за идеата Фетел да тестира Индикар. 

Мислам дека ќе бдие интересно Себ да вози Индикар. Сум возел Формула 1 болиди, Тестирав со Рено, Но за мене е лесно до одреден степен.

Формула 1 е доста лесна, но до одреден лимит. Секое подобрување на времето е тешко. Мора да се најде повеќе потисна сила.

Би сакал да го видам Себ тука да поработиме на болидот, но не е така лесно. МИслам дека би сакал да видам повеќе возачи во Индикар – изјави норвежанецот.

Лундгард стигна до првиот подиум оваа сезона во Индикар и изјави дека му бил лесен трансферот од Формула 2 во Индикар. 

Фелипе Другович беше одличен минатата година. Тој е доста добар и се бори за титулата.

Маркус Армсторонг ми беше колега. Знам дека имаше тешка година и го познавам како возач. Знам дека се бори со болидот, но мислам дека Маркус може да е доста брз. во Индикар мора да си брз секогаш и тоа е тешко. 

За неговите перформанси и за тие на возачите во ФИА сериите како Калум Илот тој изјави. 

Мислам дека врската со Далара е голема работа и мислам дека од Пирели на Фајрстоне многу му помогна на Калум, бидејќи знае како да ги чува гумите. Тешко му беше да сфати бидејќи е тешко.

Тука мислам дека Фајрстон може многу да трпи. Мислам дека болидите слично возат, Но Индикар не е толку многу различен.

Одлуките ги носат речиси истите луѓе. Разликата е Европа и Америка каде има повеќе политика од тркање. Животот е убав во Америка и подобро ми е тука. Ми недостасува семејството, но повеќе го сакам спортот тука. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ