Магнусен смета дека Шумахер ќе се снајде

Кевин Магнусен сочувствува со својот колега Мик Шумахер откако германецот го загуби местото во Формула 1, но смета дека тој ќе се снајде за да се врати на гридот. 

Хаас објавија дека нема да го задржат Шумахер наредната сезона и на негово место ќе дојде Нико Хулкенберг.

Мислам дека ќе биде интересно со некој како Нико со неговото искуство и можности. Знам како му е на Мик И јас бев во таква ситуација. Мислам дека беше добар оваа сезона.

Формула 1 е тешка и можно е да се врати. Мене ми се случи два пати, Но мора да се избори за да се случи тоа. 

Магнусен зборуваш за неговото искуство со двете враќања во Формула 1 откако доби отказ од Мекларен во 2014 година, а подоцна и од Хаас во 2021 година. 

Јас веќе два пати се вратив во спортот. Никој не знае што ќе се случи. Ми се допаѓа Мик и го заслужува местото на гридот. Се надевам се најдобро за него. 

Магнусен се наврати и за неговиот конфликт со Хулкенберг пред камерите во 2017 година во Унгарија. 

Сите зборуваат за Унгарија, Но јас го почитувам. Не го знам лично и ќе го запознаам наредната година. Мислам дека тој е добар за тимот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ