Макс бил само учтив за Себ како колега

Макс Верстапен бил само учтив и културен кога изјавил дека нема ништо против да го има Себастијан Фетел за колега во тимот.

Холанѓанецот заедно со Себ и доктор Хелмут Марко беа гости на австриската ServusTV, сопственост на Ред Бул, а како што се очекуваше, германецот и неговата иднина беа во центарот на вниманието. Ферари одлучија да не ја продолжат соработката со Фетел така што возачот во моментов има неизвесна иднина.

Неколку денови подоцна пред новинарите во пресрет на Штаерското Гранд При, Макс ја промени својата изјава велејќи дека би сакал да го задржи Александер Албон како свој колега и по крајот на оваа сезона.

бев на телевизија во понеделникот, седев до себ и ми го поставија тоа прашање. се трудев да бидам учтив и добар и одговорив дека можам да замислам таква ситуација.

мислам дека во моментов ред бул се задоволни со мене и албон, а морам да кажам дека и јас сум многу среќен со алекс како мој колега. тој е одлично момче, придонесува во тимот и добар е со сите. одлично го разбира сетирањето, дава добри информации до тимот и многу е брз, така што причина за промена не гледам.

мислам дека кристијан хорнер и хелмут марко може да ме поддржат и го имаат истото мислење како и јас, но не е мое да одлучувам за возачката политика во екипата – вели албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ