Макс го сака Хулкенберг крај себе

На прашање од медиумите кој би сакал да му биде следен тимски колега, Макс Верстапен одговори дека би сакал да го види Нико Хулкенберг покрај себе наредната година. 

Алекс Албон се мачи оваа сезона, а Пјер Гасли останува во АлфаТаури со што шансите за Хулкенберг во Ред Бул се зголемуваат.  Холанѓанецот ужива добри односи со германецот и веќе неколку пати се видени во падокот како зборуваат на холандски. 

Не ја носам јас одлуката, Но ако тие ме прашаат за мое мислење, не ми е важно кој ќе биде крај мене. Ќе почекаме.

Според De Telegraaf, неговите шефови барале мислење од Верстапен по трката во Португалија и било јасно дека тој го побарал Хулкенберг. 

Фактот што тие двајца се сложуваат е дека имаат слични корени. Хулкенберг е роден близу до границата со Холандија и зборува холандски. Тоа е важно бидејќи Верстапен бара подршка во дуелот против Мерцедес.

Верстапен знае дека му е потребен силен колега. Неговиот поранешен колега Рикардо го имаше тоа а тоа го има и Нико Хулкенберг. 

Хелмут Марко има свое мислење на таа тема. Тој потврди дека Верстапен се изјаснил без повеќе детали. 

Доколку оваа година не успееме, тогаш наредната ќе го нападнеме Мерцедес и ќе го направиме Макс шампион. Сакаме мислење од Макс за негов колега. Го знаеме тоа. Дали тој ќе зборува холандски не е важно бидејќи нашиот компаниски јазик е англиски. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ