Макс откри како бегал од школо за да се трка

Макс Верстапен никогаш не сметал дека училиштето му е пречка за повеќе да се трка во своите тинејџерски денови откако откри начини на кои бегал од школо или го ограничувал своето присуство таму.

22-годишниот холанѓанец од Ред Бул има фантастичен талент за трка, а од самиот свој почеток победуваше во јуниорскаите партинг серии и на само 17 години доби експресна промоција во врвната тркачка серија.

искрено не ми се допаѓаше да одам на училиште, не сакав само да седам во стол и да “зјапам“ во таблата. секако дека училиштето е добро за образованието, но формула 1 сеогаш беше моја цел и поради тоа не сакав ништо а ми смета како школото. мојата цел ме мотивираше да се покажам добро на картинг.

за среќе не им требаше училиштето, но тоа зависи од тоа коку сте добар во тоа што го правите. за некои професии навистина ви треба образование, но не и за тркање – смета верстапен.

Како млад возач на картинг тој се тркал насекаде низ Европа, а неговата посветеност кон тркањето била целосно поддржана од неговиот татко Јос што било неопходно затоа што секогаш требало добра причина за да не се оди во училиште.

ќе побаарав да одам до тоалет и отоа не се враќав на час. во петок по часовите веднаш влегувавме во автобус и одевме накај италија за да се тркаме, а татко ми веќе имаше сместено се што треба во автобусот, нешто “ситно“ од облека и одма накај италија. во недела попладне се враќавме дома во 3-4 наутро.

Јос Верстапен е клучен во кариерата на синот и човек кој многу помогна да се искористи талентот, а ескивирањето на училиштето за тркање секако дека било дел од тој процес.

не мислам дека бевме луди затоа што ако макс немаше талент и јас не го забележев тоа, немаше да го терам надвор од училиштето право на трка. знаев дека може нешто да направи во моторспортот и поради тоа јас не само што го толерирав туку и го охрабрував.

Штом кариерата на Макс се насочила правилно, семејството се преселило во Белгија каде младото момче имало приватни часови за да го надомести своето образование.

се договоривме со учителот дека макс ќе доаѓа кај него само кога е дома, а тоа беше еднаш неделно. само на тој начин можевме да се тркаме секаде – се присетува јос.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ