Макс: Тешките болиди се виновни за здодевната трка

Макс Верстапен смета дека прекумерната тежина на актуелните Формула 1 болиди е виновна за здодевната трка низ улиците на Баку викендов.

Новите правила од лани требаше да го олеснат следењето и на тој начин да донесат повеќе претекнување и повозбудливи трки, но се чини дека годинава е тоа помалку случај од лани. Отворањето на сезоната во Бахреин како и трката во Џеда донесоа помалку претекнувања од лани, додека Австралија и не може да биде репер поради зголемениот број ДРС зони споредено со ланското издание.

Баку беше местото каде ФИА реши да ја скуси главната ДРС зона поради тоа што лани претекнувањето било прелесно, но тоа скусување за 100 метри значеше и минимизирање на можноста за претекнување во текот на трката.

Аеродинамиката со земјен ефект и зголемувањето на тркалата значеше потечки болиди од 752 килограми во 2021 година на 798 килограми лани.

со се поголемата потисна сила која се генерира преку аеродинамиката, секоја година ќе станува се потешко да се претекнува. исто така, мислам дека и претешките болиди годинава прават потешко следење затоа што се бавни и тромави при маа брзина. секое мало пролизгување при бавно возење станув чувстивтелно поради големата тежина и инерџијата, а тежината влијае и на поголемо прегревање на гумите – вели верстапен.

Двократниот првак појасни и како денешните болиди се далеку потврди одошто во 2015 година кога влегол во Формула 1.

со овие нови болиди мора да се возат супер тврдо за да се искористи земјениот ефект, додека се сеќавам во 2015 и 2016 година можеше да се минува низ различни линии низ кривините, можеше да се инува агресивно преку тротоарите затоа што не беше така тврдо и немаше ризик од кршење. денешните болиди едноставно не дозволуваат различни линии на минување.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ