Марко за доаѓањето на Хоџкинсон: Ако беше жив Ники, ова немаше да се случи

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, изјави дека повеќе важни ликови ќе се приклучат на тимот по доаѓањето на Бен Хоџкинсон од Мерцедес на местото тенички шеф на проектот за мотори во Милтон Кинс. 

Хелмут Марко објасни како успеале да го натераат Бен Хоџкинсон да дојде во тимот како нивни технички директор. 

Одлучно беше што не се обидувавме да го убедиме затоа што Бен самиот аплицираше кај нас. Мерцедес сега се обидуваат правно да го одложат стартот на неговата работа, Но тој не е единствениот кој сака да дојде кај нас.

Има уште важни луѓе кои се на пат. Не можам да ви дадам имиња. Знам само едно, доколку Ники Лауда беше жив ова немаше да се случи. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ