Марко го обвинува Хамилтон за неуспехот на Албон во Ред Бул

Хелмут Марко тврди дека двa инцидента со Луис Хамилтон биле клучни и го спречиле Алекс Албон да напредува во Ред Бул.

Алекс Албон се искачи низ ранговите на академијата на Ред Бул пред да биде избран на средината на сезоната во 2019 година да го замени Пјер Гасли како тимски колега на Макс Верстапен.

Албон никогаш не се изедначи со Холанѓанецот, но беше во можност да ги подобри своите резултати на Големата Награда на Бразил, пред да биде несмасно удрен од Луис Хамилтон, поради кој тој се изврте и заврши надвор од поените.

На почетокот на следната сезона во Австрија тој повторно се бореше за победа и клучни поени во кариерата во Ред Бул додека беше под притисок за своето место пред повторно да биде удрен од Хамилтон.

Иако на крајот освои два подиуми пред крајот на 2020 година, Албон го загуби своето место за 2021 година кога беше заменет од Серхио Перез.

Марко признава дека британскиот тркач роден во Тајланд имал навистина несреќно искуство и доколку немал такви судири со Хамилтон, неговата кариера во Ред Бул можеби ќе отишла во друга попозитивна насока.

Алекс навистина немаше среќа.

Во Бразил се бореше за второто место кога Луис Хамилтон го сврте и го загуби овој подиум.

Следно беше во Австрија кога Алекс се бореше за победа и повторно беше свртен од Хамилтон и тоа многу ја погоди неговата самодоверба.

Победа беше на дофат, а грешката на некој друг возач го спречи во тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ