Марко го предупредува Перез по отпуштањето на Де Врис

Ред Бул донесоа одлука и го отпуштија Ник де Врис од Алфа Таури, но дали е безбедно местото на Перез?

Советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко го предупреди Серхио Перез дека мора да ја подобри својата квалификациска форма за да остане во тимот.

Сепак, Австриецот инсистираше на тоа дека нема да има смисла веднаш да се смени Мексиканецот, и покрај неговата надолна форма.

Перез го задржа второто место во поредокот за возачи во Ф1 и покрај тоа што мораше да се бори од лошите позиции во квалификациите.

Додека тимскиот колега и лидер во шампионатот Макс Верстапен освои пет пол позиции по ред, Перез не успеа да стигне до К3 во истиот период и со оглед на неговите резултати на трките, разликата во поредокот сега изнесува 99 поени по 10 трки.

Брзите возачки промени во Ред Бул повторно се случија, откако по Британското ГП третиот возач Даниел Рикардо беше промовиран на местото на Ник де Врис во АлфаТаури, што следеше по постојаните потешкотии на Холанѓанецот на задниот дел од гридот.

Оценувајќи ја иднината на Перез како тимски колега на Верстапен, Марко изјави:

Чеко е втор на светскиот шампионат, па нема смисла да се ослободиме од него сега.

Неговата трка исто така беше добра во Силверстон, но тој мора да се подобри во квалификациите.

Се очекува Рикардо да биде дополнителен фактор на притисок за Перез кој со нетрпение ја очекува следната сезона, но Марко е категоричен дека осумкратниот победник на Гранд При трки сега мора да се докаже во АлфаТаури.

Од Рикардо треба да видиме како се споредува со Цунода – додаде Марко.

Мислам дека Јуки е потценет од многу луѓе. АлфаТаури не е најлесниот болид за возење, но Јуки докажа дека е можно да се постигнат добри резултати.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ