Марко: Еуфоријата исчезна по тренингот

Работите не оделе според планот во Ред Бул на тренингот во петокот иако Макс Верстапен беше најбрз на двата тренинга, но Ферари беа ужасни блиску до нив. 

Доктор Хелмут Марко појасни дека тимот имал проблеми пред сесиите во симулаторот во фабриката, а Верстапен бил фрустриран од балансот и возните својства поради што мораше да се повлече во боксот. 

Проблемот со конфигурацијата го превземавме од симулаторот. Тоа ни направи еуфорија во четвртокот, но во реалност не функционираше. Сега одиме во вистинска насока. Конфигурацијата не е оптимална, но е подобра – посочи искусниот австриец.

Иако Ред Бул повторно беше доминантен, сепак ривалите не застанаа и беа доста блиску што навестува интересни квалификации. 

Леклер ни е најголемиот конкурент. Ферари се брзи во бавните свиоци и имаат подобра тракција, Но и Мерцедес не е лош иако имаат доста проблеми. Алонсо немаше добар круг поради гужва, Но и ние немавме добар круг, не бевме на лимитот. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ