Марко е загрижен за развојот на Ред Бул

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, е загрижен за развојот на болидот на екипата и покрај повторната победа, овој пат низ улиците на Баку. 

Тој алармира дека дека Шарл Леклер и Фернандо Алонсо поставиле слични времиња по круг како нивните болиди при крајот на трката, но сепак, Ред Бул беа недостижни на трката и таква форма имаат од почетокот на сезоната. Перез победи со 24 секунди предност пред третопласираниот Леклер. 

Задоволни сме со резултатот од трката и спринтот. Макс немаше среќа со безбедносното возило, но не успеавме да му најдеме добра конфигурација и тоа го чинеше доста време за да извлече максимум од болидот и да се држи до Перез.

Чеко беше одличен и брз од стартот каде извозе без грешка, Но тоа што не алармира е дека Леклер и Алонсо можеа да возат слично како нас во последните шест до осум кругови.

Мора да работиме напорно за тоа да не се повтори. Не им рековме на возачите да забават и Серхио до крајот возеше со полна сила – анализира марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ