Марко е незадоволен од стратегијата на Ред Бул

Доктор Хелмут Марко изјави дека очекува тешка трка за Макс Верстапен откако тој се квалификуваше на деветта позиција за трката во Мајами.

Серхио Перез ќе стартува од пол позиција, но Верстапен не успеа да го подобри своето време во К3 поради црвеното знаме за излетувањето на Леклер.

Одлично е што Перез е на пол позиција, но штета е за Макс затоа што Беше извонреден на претходните сесии. Требаше порано да го пуштиме на патека, но решивме да чекаме бидејќи патеката еволуираше.

Предниот ред на гридот беше возможен, Но немаше среќа во одност на третиот квалификациски дел. Тактички погрешивме и ќе има тешка трка – посочи хелмут.

Стартниот грид во Мајами е доста различен од досега и во топ 10 ги гледаме Хаас, Алпин и Алфа Ромео, но Марко верува дека временските услови си го направиле своето и возачите на Ред Бул ќе профиритаат од тоа.

Перез мора да остане напред додека Макс мора да напредува. Безбедносното возило и временските прилики може да бидата фактор за хаотична трка. Доколку има безбедносно возило се надевам дека ќе му оди во прилог на Макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ