Марко има лоши вести за јуниорите на Ред Бул

Последните вести околу продолжувањето на договорот на Серхио Перез со Ред Бул му ја затворија вратата на Пјер Гасли за враќање во сениорскиот тим, но тоа има удел и врз јуниорите на тимот. 

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на тимот, не гледа подобра алтернатива за Гасли во моментов и во иднина, но неговата иднина сеуште треба да се одлучи бидејќи тој има договор со АлфаТаури до крајот на 2023 година. 

Пред да потпишеме со Перез зборував со Гасли. Ќе видиме што ќе се случи по 2023 година и Какви алтернативи ќе има за него. Мислам дека нема подобра алтернатива од АлфаТаури во моментов – посочи доктор марко.

Помеѓу младите возачи на Ред Бул се Формула 2 ѕвездите Лиам Лосон, Џеа Дарувала и Јури Випс.

Мислам дека возачите ќе си останат на нивните места. Поради корона вирусот, тие може да добијат место како резерва. Секако, доколку никој не е повреден тие може да почекаат на место наредната година.  

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ