Марко: Либерти се по малку наивни

Доктор Хелмут Марко смета дека шефовите на Либерти Медиа често се по малку наивни.

Австриецот од страна на Der Spiegel беше запрашан да го коментира фактот дека по три децении Формула 1 не го продолжи договорот со RTL и се префрли на Sky кој нуди платени преноси.

очекувањата се дека во прв момент гледаноста во германија ќе опадне, но Sky плаќа четири пати повеќе од rtl, а од тоа голема корист ќе имаат и екипите преку распределбата на приходите.

од наша гледна точка, ние не сме во спортот за приходи од распределбата на профитот туку поради глобалната публика и реклама на нашиот производ. искуството ни покажа дека по промена од бесплатна на платена телевизија, гледаноста во прв момент се намалува – објанси марко.

Сепак, Хелмут очекува гледаноста да се поправи со тек на време штом германската публика се прилагоди на новиот начин на следење на Формула 1.

либерти се многу искрени, но понекогаш и наивни и не го разбираат целиот политички процес. на пример, купија компанија, но не се единствен сопственик на производот затоа што фиа и екипите имаат многу што да кажат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ