Марко: Макс ќе возврати во Мајами

Дотор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, посочи дека неговиот возач, Макс Верстапен, ќе го возврати ударот на Гранд При трката во Мајами откако два пати беше поразен минатиот викенд во Баку.

Дополнително, 80-годишниот австриец посочи дека во екипата нема да има тимски наредби при борбата за титула која очигледно ќе се одвива помеѓу нивниет возачи сезонава.

кога макс не може да го погоди сетирањето, а се тркаме на улична патека, перез секогаш е тука да искористи – вели хелмут за австриски Osterreich.

Трката претсојниот викенд е повторно на некој начин улична, така што Марко смета дека актуелниот првак ќе го возврати ударот откако Перез му се доближи на само 6 поени во возачкиот поредок.

мислам дека макс повторно ќе биде напред. леклер може да биде многу брз на квалификации како што беше во баку, но на трка не може. макс верстапен е силен, тој е константен секогаш.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ