Марко најави: Нема да откриваме детали за болидот при промоцијата

Доктор Хелмут Марко, советникот за моторспорт на Ред Бул, откри дека тимот нема да открива никакви детали за својот нов болид за оваа година откако истиот ќе биде промовиран следната Среда.

За германски Sport1, искусниот австриец откри дека важните детали на болидот ќе бидат скриени за време на промоцијата која ќе биде виртуелна и направена на социјалните мрежи.

презентацијата која е многу важна за фановите и спонзорите, нема да покаже никакви посебни делови на болидот.

новиот болид ќе биде подготвен кусо пред почетокот на тестирањето во барселона во февруари. потоа, ќе следува дополнителен развој и напредок за првата трка од сезоната во бахреин – посочи марко.

Хелмут објасни дека традиционалната подготовка за нова сезона која се извршувала до сега е целосно променета по најголмите нови правила кој спортот ги видел минатите неколку децении.

правилата за минатата година останаа исти и поради тоа решивме порано да го промовираме ланскиот болид и во тоа време одлуката се чинеше исправна. но, сега е целосно различно. со новит еправила сите сакаат да го завршат развојот колку што може подоцна и така да не им се покаже премногу на конкуренцијата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ