Марко најавува: Новиот турбо полнач на Хонда ќе биде клучен

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека новиот посебен турбо полнач кој Хонда ќе го донесе на Ред Бул Ринг е дел од причината поради кој тимот очекува да биде многу силен на домашната трка коај се вози на голема надморска височина.

Австриското Гранд При е домашна патека на тимот, а токму таму Хонда ја доживеа својата прва победа по враќањето во спортот во 2019 година. Следната година Мерцедес беа супериорни на двата настани, двојна програма на иста патека организирана поради короната, додека лани повторно Верстапен победи, овој пат од пол позиција.

Запрашан да каже причина зошто Верстапен и Ред Бул се толку силни во Австрија, доктор Марко откридека причината е посебниот турбо полнач кој работи многу добро на голема надморска височина, со оглед на тоа што Спилберг е 600 метри над морското ниво.

моторот е клучен, а хонда има посебен турбо полнач кој е мал, но ни носи одлучувачка предност на патеки со голема надморска височина, а на спилберг е 670 метри. тоа е клучно за нас, таму ја прославивме првата победа со мотор на хонда, тоа беше клучно во нашата соработка која ќе трае до 2025 година – вели марко.

На минатонеделното Британско Гранд При бевме сведоци како Мерцедес се враќа во игра и станува многу силен, многу поблиску до Ферари и до Ред Бул, но Марко смета дека “сребрените“ повеќе ќе се мачат на Штаерска поради нерамната патека.

мислам дека повторно ќе биде тешко за мерцедес затоа што ќе мора да го подигнат болидот и таму нема проблем, единствено ќе бидат побавни. проблем е што има мнгоу брзи и тесни кривини и два пати мора силно да се кочи од повеќе од 300 кмч, така што потребно е да се најде вистинско сетирање помеѓу механички и аеродинамички грип.

макс има рекордни четири победи таму и секако дека е особено силно мотивиран поради фактот што ќе има многу холандски фанови.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ