Марко: Немаме проблеми како Ферари

Ферари се мачат со сериозни проблеми со издржливоста, но такви проблеми нема во Ред Бул. 

Според Герхард Бергер, австрискиот тим имал слични маки на почетокот, но советникот во Ред Бул, доктор Хелмут Марко, тврди дека нивните проблеми не се сериозни и нивните мотори не покажуваат знаци на трошење. 

За разлика од Ферари, ништо серизоно. Во последните трки се чини дека работите се свртеа во наша полза, Но тоа може повторно да се промени. Ферари имаат силен болид и ќе ги решат проблемите, но ние мора да ја искористиме секоја шанса – изјави Хелмут Марко. 

Бергер се согласува со него. 

Оваа година двата тима напредуваа. Се чини дека Ферари е на лимитот. на квалификации се подобри, но подоцна нешто грешат на трките. Не смее да си го дозволат тоа. Се чини дека е нерешена борба за титулата.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ