Марко нема ништо против Себ да го наследи

Четирикратниот Формула 1 првак, Себастијан Фетел, во последно време многу често се споменува как озамена на доктор Хелмут Марко, искусниот австриец кој неделава го прослави својот 80ти роденден.

Фетел се повлече од Формула 1 по крајот на минатата сезона со 53 победи и четири титули зад себе и беше првиот возач кој од Академијата на Ред Бул стигна до Формула 1 и тоа се случи во 2007 година. Најпрво победи за Торо Росо пред да мине во сениорската екипа, а потоа возеше и за Ферари и Астон Мартин.Многумина сметаат дека токму Себ е идеална замена за доктор Марко, а и самиот Хелмут има свој коментар за тоа.

сеуште сме во контакт со него. себ во моментов е во фаза каде се открива себе си, не знам дали ќе сака да патува повторно на секоја трка и дали ќе сака да работи со драстично помала плата – потенцираше марко во својата изјава за швајцарски Blick.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ