Марко оди во Јапонија на разговори со Хонда

Доктор Хелмут Марко, Советникот за моторспорт на Ред Бул, планира да оди во Јапонија да ги продолжи разговорите со Хонда за евентуално продолжување на соработката по 2026 година. 

Ова се случува по пропаѓањето на разговорите со Порше кој сакаше да купи 50% од тимот. 

Тоа е веќе завршено. Ние веќе имаме развиен мотор кој се тестира и мислам дека сме на добар пат – откри марко.

Иако сеуште не е брендиран, моторот на Ред Бул е базиран на Хонда откако добија целосна техничка подршка од нив. Сега веќе се зборува за враќање на Хонда. 

Тоа го преговараме. Ќе одам во Токио помеѓу трките во Сингапур и Сузука во октомври. 

Се проширија гласини дека соработката со Порше е откажана поради здравствените проблеми на газдата на Ред Бул, Дитрих Матешич. 

Нема ништо од тоа. Синот на дитрих, Марк, доаѓа со мене на Монца. 

Иако Леклер е на пол позиција, Марко смета дека е можно Верстапен да победи. 

Не ни е важен јубилејот на Ферари бидејќи сакаме да станеме шампиони. Шансите за победа на Макс се добри. ТОј не прави грешки и сега имаме големо задно крило. Имаме најдобро темпо за трка. Можеме да ја освоиме титулата во Сингапур, но кога се работи за Хонда, можеби е подобро на Сузука една недела подоцна. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ