Марко открива: Не разговараме со Хонда

Кристијан Хорнер откри дека не постојат никакви разговори на Ред Бул со Хонда потенцијална повторна соработка и враќање на јапонциет во Формула 1 при следната промена на правилата за мотори од 2026 година.

Согласно се посилните шпекулации, се чини дека од 2026 година Ред Бул ќе почнат соработка со Порше, нешто што треба да биде официјалнизирано штом бидат потврдени новите правила за агрегатите.

Во моментов “биковите“ користат мотори на Хонда, но под брендот Ред Бул Пауертреин откакоја откупија целокупната интелектуална сопственост од јапонците и превземаа нивни персонал, така што самите си ги произведуваат агрегатите, иако со огромна помош од Хонда.

ја отворивме и официјално фабриката на ред бул пауертреинс месецов така што се надеваме дека тоа ќе ни овозможни да произведеме многу конкурентни мотори од почетокот на 2026 година.

имаме партнерство во однос на инженерингот со хонда до крајот на 2025 година, а потоа стапуваат на сила новите правила.

секако дека има разговори со порше и ауди кои сакаат влез во спортот што јас лично сметаме дека е многу возбудливо за формула 1 да има такви брендови. но, нивниот влез е условен од изгледот на новите правила, каков третман ќе имаат како дебитанти и слични работи – откри марко.

Запрашан дали знае оти Хонда размислува за официјално враќање во спортот од 2026 година, тој одговори:

тоа е прашање за нив. со нас немаат никакви разговори на таа тема.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ