Марко: Победата ја донесе нашиот стратег

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека стратегијата на тимот му ја осигурала победата на Серхио Перез во Монако. 

При променливи услови на патеката, одличната стратегија и правовремената промена на гуми го донесе мексиканецот пред болидите на Ферари. Тој прв премина на интермедиа и подоцна на мазни гуми и беше неприкосновен на првата позиција. Марко го пофали својот стратег Хана Шмиц за одработеното.

Горд сум на целиот тим, а посебно на нашиот стратег Хана. Секако имаше доста информации од Милтон Кинс, но таа остана мирна и чекаше на вистинската одлука. покрај победата со чеко, тоа го стави и Макс пред Леклер – задоолен е доктор марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ