Марко повлече линија: Рикардо ќе вози за АлфаТаури веќе од Унгарија

Австралиецот ќе го замени Де Врис почнувајќи од следната трка во Будимпешта.

Даниел Рикардо се враќа на Формула 1 гридот од трката за ГН на Унгарија, на местото на Ник де Врис во Алфа Таури.

По неколку недели зголемен притисок, Де Врис беше ослободен од возачките должности со моментален ефект, два дена по завршувањето на 17то место на Британското ГП.

Тој се бореше да му се спротивстави на тимскиот колега Јуки Цунода, со најдобар финиш на 12то место на Големата Награда на Монако, додека советникот на Ред Бул Хелмут Марко јавно да го предупреди да ги подобри перформансите.

Сепак, по 17то место на Британското ГП, Марко избра за промена со Рикардо кој ќе го заземе местото на Де Врис, почнувајќи од Унгарија.

Рикардо претходно возеше за АлфаТаури кога се викаше Торо Росо помеѓу 2012 и 2013 година, пред да биде промовиран во сениорскиот тим на Ред Бул за 2014 по заминувањето на Марк Вебер од Гранд При трките.

Многу сум задоволен што можам да му посакам добредојде на Даниел назад во тимот – рече шефот на АлфаТаури, Франц Тост.

Нема сомнеж за неговата возачка вештина и тој веќе познава многумина од нас, па неговата интеграција ќе биде лесна и директна.

Тимот исто така ќе профитира многу од неговото искуство, бидејќи тој е осумкратен победник на Формула 1 Гранд При трки.

Би сакал да му се заблагодарам на Ник за неговиот вреден придонес за време на неговиот престој во Скудерија АлфаТаури и му посакувам се најдобро во иднина.

Самиот Рикардо исто така додаде:

Задоволен сум да се вратам на вистинскиот пат со семејството на Ред Бул!

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ