Марко потврди нови разговори со Хонда во Токио

Ред Бул ја отвора вратата за враќање на Хонда во Формула 1 и продолжување на многу успешната соработка помеѓу двете компании во врвната моторспорт тркачка серија. 

Јапонскиот производител се повлече од Формула 1 по освојувањето на титулата на крајот од минатата година со цел да се насочи на електрификација на својата гама и тогаш Ред Бул ја формираше својата фабрика за мотори, Пауертраинс. Иако брендот ХРЦ е присутен на болидот од почетокот на сезоната, сепак двата болида возат со Ред Бул мотор кој е всушност Хонда. 

Ред Бул сакаше свој мотор од 2026 година и преговараа со Порше за евентуално партнерство, но преговорите беа неуспешни. И покрај гласините дека Хјундаи и Форд сакаат да се приклучат на гридот, Ред Бул ги продолжи договорите со Хонда и веќе се појави логото на трката во Сузука. 

Во Токио разговаравме со Хонда. Мораме да смислиме како ќе продолжиме бидејќи и ние имаме фабрика во Милтон кинс, Но во наредните години ќе се зголеми процентот на електрика во моторите и можно е поделба на работите.- откри доктор марко.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ