Марко потврди: Хонда не може да го купи АлфаТаури

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, демантираше дека соработката со јпонска Хонда ќе се продолжи и во 2026 година.

Годинава, иако Хонда официјално се повлече од спортот по завршетокот на ланската сезона, одделот за мотори на Ред Бул на големо соработуваше со јапонците, а ХРЦ брендот на Хонда се врати на шасијата на шампионскиот болид. Догодина, моторот со кој ќе се трка тимот од Милтон Кинс ќе биде официјално познат како Хонда Ред Бул Пауертреинс.

Хонда во меѓувреме откри дека е заинтересирана да остане во спортот по 2026 година и новите правила за моторите, но не е сигурно дека ќе продолжи соработката со “биковите“.

кога хонда објави дека ќе се повлече пред две години, ние останавме без ништо, а тие не сакаа да ни ги даваат постоечките мотори. така, моравме темелно да спроведеме трансформација и да добиеем современа фабрика за мотори како што имаме денеска – посочи доктор марко.

Со оглед на современата Ред Бул Пауертреинс фабрика, тимот е отворен на соработка со некој производител, како на пример американски Форд кој се повеќе се споменува.

кога се работи за нашите планови од 2026 година, работите се сложени. првично се споменуваше дека тие ќе го изработуваат електричниот дел од моторот, но не можевме да се договориме. епак, ќе видиме, а одлука мора да биде донесена многу скоро.

Решение за Хонда може да биде првземање на некоја постоечка Формула 1 екипа, а првично се говори за купување на АлфаТаури, вториот Ред Бул тим од италијанското градче Фаенца.

кога хонда ќе се врати, им треба врвна екипа. тие не може да работат со алфатаури особено ако нема повеќе синергија со нас како врвна екипа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ