Марко: Разделбата со Тост е пријателска

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека разделбата со тимскиот шеф на АлфаТаури, Франц Тост, била пријателска.

Медиумите почнаа со шпекуации кои потоа и се остварија дека спортскиот шеф на Ферари, Лорен Мекиес, ќе премине во АлфаТаури и ќе го превземе раководењето со тимот по повлекувањето на Тост. Исто така, поранешниот вработен во ФИА, Петер Бајер, ќе дојде во Фаенца.

франц тост ќе се повлече од улогата на тимски шеф на крајот на оваа година, а лорен мекиес ќе дојде како нов тимски шеф иако датумот аз тоа не е потврдено – вели марко.

Пред еден месец, австриецот Тост, кој го предводи тимот од 2006 година, посочи дека ќе остане во Фаенца уште неколку години.

Шпекулациите се дека Франц Тост и Хелмут Марок се луѓе на починатиот газда на Ред Бул, Дитрих Матешич, но не се многу омилени кај новиот шеф Оливер Минтзлаф. Марко е пред својата 80та година од животот и неодамна имал состанок со 22 години помладиот Минтзлаф.

имав пријателски разговор со оливер Минтзлаф, а и франц беше со нас. тост ќе остане да го предводи тимот до крајот на годината, по што ќе следи транзиција, а тој ќе стане советник.

за сега мојот ангажман не е отворено прашање, да ја освоиме титулата годинава, а потоа ќе видиме – откри марко во својата изјава за Osterreich.

Заминувањето на Мекиес секако дека е проблем за Ферари чиј шеф го посочи како човек од доверба.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ