Марко: Ред Бул мораше да си ја штити иднината

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, откри дека имале проблеми во својот однос со Хонда.

Според него, тимот морал да ја заштити својата иднина откако Хонда се откажале од Формула 1 во 2021 година. Јапонците им даваа подршка на Ред Бул откако се повлекоа, но се чини дека сакаат да се вратат во спортот од 2026 година.

Иако начелно се откажаа поради развојот на обновливи горива и електрични автомобили, сепак интересот за Ф1 останува.

Имавме тешка ситуација во минатото. Кога беше најавено дека ќе се повлечат, не сакаа ни да го доставуваат постоечкиот мотор, Но полека дојдовме до денешната соработка.

Во исто време, моравме да ја заштитиме иднината и почнавме со градење на фабрика со цела најнова технологија. Кога дојде до одлука да се вратат во 2026 година, работе беа потешки, но немаме договор иако очекуваме наскоро да се случи тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ