Марко: Ред Бул не се заинтересирани за Формула Е

Советникот за моторспорт на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, е јасен дека австрискиот тим не е за интересиран за влез во електричната Формула Е тркачка серија . 

Формула Е постои од 2014 година и многу производители во еден момент биле дел од серијата која се чини дека би била иднина на моторспортот. Ауди И БМВ го напуштија спортот, а тоа ќе го направи и Мерцедес на крајот на оваа сезона, но Ред Бул се одлучија да не пробуваат. 

Многумина не прашуваат зошто не се приклучиме, но за мене беше доста да гледам една трка. Ја гледав трката во Уругвај и Бев јасен, тоа не е за нас – посочи доктор марко.

Основачот на серијата, Алехандро Агаг, е збунет од заминувањето на Мерцедес. 

Не ја разбирам нивната одлука и Таа ме зачудува. Тие продаваат се повеќе електрични автомобили. Ќе запрат со продажба на било какви други во 2030 година во британија.

Да се вратиш назад на моторспорт со гориво е многу чудно. Уживаат да користат гориво и можеби во 2030 година ќе се вратат на електричното. Не ја разбирам одлуката. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ