Марко се присетува на првата средба со Верстапен

Советникот на Ред Бул, доктор Хелмут Марко, се присетува дека Макс Верстапен бил многу позрел од своите години уште кога прв пат се запознал со него, кога холанѓанецот имал само 15 години.

Сега со полни 22 години Макс ја одработува својата 6та Формула 1 сезона, а Марко открива дека малдиот возач ја има истата возбуда како кога прв пат се запознале.

кога прв пат се сретнавме имаше само 15 години. вообичаено разговарам со возач 20 минути пред да добијам претстава за неговиот карактер и структура, но со него разговарав 90 минути. спроти мене седеше многу младо момче кое размислуваше како да е 3-5 години постаро одошто реално беше – се присетува австриецот.

Макс имаше само една Формула 3 сезона зад себе пред да добие доверба да управува со Формула 1 болдито на Торо Росо и со 17 години и 166 денови на Австралиското Гранд При во 2015 година да стане најмладиот учесник на трка.

Во тоа време Ред Бул беа критикувани поради тоа што одбираат толку млад возач, а ФИА непосредно потоа одговори на начин што постави граница од 18 години и 40 поени на супер лиценца за можност за управување со Формула 1 болид.

ако некој има 15 години и само една сезона трки со формула од некаков вид, тоа т многу смел чекор и голем ризик. се надевам дека системот на поени ќе биде ревидиран затоа што доста возачи веќе имаат 40 поени, а немаат никаква шанса за формула 1, но и млади возачи кои немаат поени, а се фантастични.

Верстапен неодамна потпиша нов тригодишен договор со Ред Бул согласно кој треба да остане во Милтон Кинс до крајот на 2023 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ