Марко со детали за иднината на Перез по уште еден квалификациски неуспех

Уште еден разочарувачки настап во квалификациите за Серхио Перез доведе до критики од советникот на Ред Бул.

Советникот за моторспорт на Ред Бул, Хелмут Марко, верува дека Серхио Перез треба да најде контрола во своите квалификациски перформанси откако не успеа да се квалификува во топ 10 петта трка по ред.

Перез ќе стартува на 16то место на Британското ГП и беше жртва на проблеми со температурата на гумите на патеката која се сушеше, откако остана неподвижен на излезот од боксот скоро 10 минути под услови на црвено знаме.

Тоа беше последното поглавје од листата на неуспеси за Мексиканецот, кој сега ја изгуби секаква надеж да го предизвика тимскиот колега од Ред Бул, Макс Верстапен за титулата на возачи во Ф1.

Перез треба да ги контролира своите квалификации – изјави Марко.

Тоа отсекогаш било негова слабост. Тоа се случува премногу често и тој мора да работи на тоа. Ние исто така ќе работиме на тоа, бидејќи ако едниот возач е напред, а другиот 16ти, нешто не е во ред.

За можноста да го замени Перез, Марко додаде:

Тој е втор во поредокот и испорачува добри трки, што го разликува од Ник де Врис. Во моментов нема потреба да се преземат мерки. Исто така, нема никој на располагање да го замени.

Марко верува дека незгодните променливи услови за време на квалификациите за малку ќе ги уништеле шансите на Ред Бул, откако тие се соочија со закана од Мекларен за пол позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ