Марко: Хорнер не го сакаше Де Врис во АлфаТаури

Советникот на Ред Бул откри дека Кристијан Хорнер првично не сакал да го доведе Ник де Врис во АлфаТаури.

Според советникот на Ред Бул, Хелмут Марко, Кристијан Хорнер не бил обожавател на доведувањето на Ник де Врис во екипата на АлфаТаури.

Тимскиот шеф на Ред Бул не се согласи со австриецот кога тој предложи да го стави во сестринскиот тим за да го замени Пјер Гасли, откако тој импресионираше на своето деби во Монца минатата година.

На прашањето дали редовно не се согласува со Хорнер за назначувањето на возачите, Марко изјави:

Не често, но понекогаш не се согласуваме.

Во суштина тоа е АлфаТаури, но ние сме големо семејство и имаме мислења. Хорнер не беше обожавател на Де Врис.

Де Врис е еден од двајцата возачи кои допрва треба да освојат поени во сезоната во 2023, по тешкиот почеток со АлфаТаури.

Холанѓанецот неодамна беше под притисок од тимот да ги подобри своите перформанси, при што самиот призна дека направил премногу грешки во раната фаза од неговата дебитантска сезона.

Марко, исто така, призна дека неговите резултати не ги исполниле очекувањата досега:

Би рекол во моментов изгледа дека Хорнер беше во право.

Првично, тимскиот шеф на АлфаТаури во заминување, Франц Тост, сакал Мик Шумахер да го замени Гасли.

Во тоа време, Шумахер сè уште имаше договор со академијата за возачи на Ферари, што се коси со програмата на јуниорскиот тим на Ред Бул, според Марко.

Франц Тост кој го сакаше Мик Шумахер, но Мик беше во Академијата на Ферари во текот на целата своја кариера – објасни тој.

Додека Де Врис веќе беше светски шампион на ФИА, откако ја освои титулата во Формула Е за 2020/21 година, Марко објаснува дека неговиот недостаток на искуство во Ф1 бил повеќе фактор во изборот да се трка на АлфаТаури.

Во основа, АлфаТаури е јуниорски тим. Де Врис се разликува од Шумахер по тоа што имаше само една трка, многу успешна во Монца, па можеше да се вклопи во нашата филозофија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ