Марко: Чеко си уништи шанса за пол позиција

Доктор Хелмут Марко од Ред Бул посочи дека неговиот воза, Серхио Перез, имал шанса да ја наследи пол позицијата од Макс Верстапен откако актуелниот првак беше најбрз, но поради казна, ќе тргне од 15то место.

Австриецот смета дека Чеко требало да стартува од најдобрата позиција откако за две десетинки беше побавен од Саинз и ќе мора да се задоволи со полошото место во вториот ред. Заостатокот на Перез зад Макс беше околу 8 десетинки, а Хелмут посочи дека тој не требало толку многу да заостане.

имаме голема крајна брзина на правците, но чека си го уништи кругот во вториот сектор откако во првиот беше побрз од ферари и покрај тоа што тие се влечеа еден со друг. дефинитивно перез може да победи. очекувавме посилен мерецедес овдека додека ферари, како и секогаш, се на слично ниво со нас – објасни доктор марко.

Во другиот дел од гаражата на тимот од Милтон Кинс, Верстапен беше страшен и постави недостижно време на квалификациите, додека Ферари се помирија дека не можат да се носат со ритамот на актуелниот првак.

макс имаше неверојатен круг, тешко беше дури и да предвидиме такво нешто. не му требаше втор обид и зачувавме два нови сетови софт за трката што може да биде одлучувачко ако има безбедносно возило.

Запрашан за очекувањата за пласманот на Макс на крајот од трката, Марко објасни:

кога ќе видите колку беше брз верстапен, јасно е дека нема да му треба многу пред да дојде при врвот. со искуството што го покажа и ритамот што го има се е можно.

макс е во одлична форма, полн е со самодоверба и ќе биде многу тешко да се победи на трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ