Марк Маркез ќе тестира за Ред Бул

Следниот месец, актуелниот Мото ГП првак, Марк МАркез, ќе добие шанса од Ред Бул да тестира нивни Формула 1 болид.

Тоа ќе биде прв пат возач со МотоГП шампионска титула зад себе да добива шанса за тест на Формула 1 Ред Бул болид, е на Маркез друштво ќе му прави неговиот тимски колега Дани Петдроса како и мотокрос ѕвездата Тони Каироли. Предмет на тест ќе биде РБ9 болидот со кој Себастијан Ветел дојде до својата 4та шампионска титула.

Маркез и Педроса веќе имаат искуство со отворени едноседи откако зад себе имаа тест на Јапонска Формула 3 болид во Мотеги, на настан организиран од Хонда минатиот Декември. Како подготовка за тестот, тројцата моторциклисти на 5 – 6 Јуни ќе ја посетата централата на екипата во Милтон Кинс.

Пред две години, тогаш актуелниот МотоГП првак Хорхе Лоренцо ја искористи поврзаноста со Монстер енергетските пијалоци за да тестира шампионски болид на Мерцедес во Силверстон, додека Валтентино Роси уште во 2006 година тестираше за Ферари, а се пишуваше и дека следната година ќе биде наследник на Михаел Шумахер во болидот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ