Маса: Леклер мора да си ги чува фрустрациите за себе

Во УгнгаријаУнгарија, тимот направи стратешка грешка која го чинеше Шарл победа, се реши да му промени од медиум на хард додека водеше, промената беше ненавремена, а комонентата сосема погрешна. По трката возачот беше видно разочаран затоа што Гранд При трката беше уште една пропуштена можност да го намали заостатокот зад Верстпен.

дефинитивно не е воопшто среќен и задоволн, но мора да биде трпелив затоа што незадоволството и нервозата нема да му помогне на неговиот тим. не смееме да заборавиме дека во франција и самиот направи грешка и прокоцка победа која ќе му донесеше многу поени.

мора да биде трпалив, иако е незадоволен од некои одлуки и грешки на тимот, се треба да биде одработено на вистинскиот начин, професионално. не треба да покажува бес затоа што ако тоа почне да го гледаат оние околу него, на никој нема да помогне. дури и ферари прави повеќе грешки годинава и незадоволство нема да го промени тоа – посочи маса.

Во однос на проблемите со стратегијата кои Ферари речиси редовно ги има, Маса смета дека екипата треба да се соземе, да носи подобри одлуки со цел да се подобри.

одлично го познавам матиа биното, работевме заедно многу долго време, додека јас бев во ферари тој беше инженер задолжен за моторите. потоа стана шеф на одделот за мотори, беше технички шеф и на крај тимски шеф, но јас не бев таму во тој период.

тој е одличен инженер, многу професионален, многу разбира за техничкиот дел на спортот, но во исто време е добар човек, многу чесен и мене ми се допаѓа.

резултатите не се такви какви што тие сакаа и не можеме да го обвиниме само матиа за тоа, иако секако дека е дел од тоа. дефинитивно треба да бидат многу помирни во носењето на одлуките, да разберат што не треба да се случува затоа што направија премногу грешки од почетокот на сезоната во однос на стратегијата и тоа сеуште се случува. нема потреба ништо да се менува драстично во тимот затоа што со лошо ќе им се врати.

И покрај проблемите во Маранело годинава, Фелипе е задоволен што неговата поранешна екипа повторно се бори за победи.

убаво е да се види како ферари повторно е на врвот и се бори за победи. мислам дека формула 1 е многу поинтересна со самото тоа што ферари победува на трки и се бори за титули, особено од почетокот на сезоната.

за жал, имаа многу проблеми со издржливоста годинава и тоа ги остави доста далеку во борбата за титула. загубије премногу трки поради самите нив и штета што се случи тоа затоа што ќе беше многу интересно.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ