Маси повеќе не е директор за трка

Директорот за трка од ФИА во Формула 1, Мајкл Маси, нема да биде на таа позиција оваа година, потврдија од Федерацијата.

По ланското издание на Големата награда на Абу Даби каде се случија неколу контроверзии, ФИА започан теемлна истрага на настаните, а резултатот од истрагата и аналзата треба да бидат претставени пред почетокот на сезоанта.

Сепак, Маси повеќе нема да биде шеф на трките, но ФИА откри дека му понудила друга улога во нивната структура.

Наместо тоа, од првиот пресезонски тест во Барселона, директорите на трка ќе ротираат помеѓу ВЕЦ шефот Едуардо Фреитас и ДТМ шефот Нилс Витич. Паралелно со оваа промена, ФИА воведува и виртуелен систем за контрола на трките, а комуникацијата со директорот на трка во иднина се забранува.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ