Мајами, квалификации: Перез на пол позиција, Леклер повторно во ограда

Серхио Перез стигна до својата 3та пол позиција во кариерата и се изедначи по бројот на пол позиции со Карлос Саинз од активните возачи, а во исто време донесе и 85ти саботен триумф за Ред Бул.

Шарл Леклер донесе црвено знаме со своето излетување на 100-тина секунди пред крајот и пред време ги прекина квалификациите, оставаји го Макс Верстапен без време и со стрт од 5от ред.

Првиот квалификациски дел, Верстапен со 3 десетинки пред Саинз, Перез дополнителни 3 стотинки зад шпанецот, а Шарл Леклер со идентично време како Чеко. Возачите на Мерцедес буквално во последниот круг успејаа да минат, беа претерано бавни во првите обиколки на медим сет гуми.

Ландо Норис беше најбрз од оние кои отпаднаа, заостанувајќ 7 стотинки зад Ник де Врис кој беше најбавен од оние кои минаа во К2. Јуки Тсунода имаше обиколка за 3 стотини побавна од онаа на Мекларен, но половина десетинка побрза од Ленс Строл кој имаше 18то време во ситуација во која Алонсо беше 12ти.

За мизеријата на Мекларен да биде уште поголема се погрижи Оскар Пиастри кој со своето 19то време донесе двојно К1 отпаѓање на портокаловите болиди, а Логан Сарџент беше најбавен со 20то време и половина секунд побавен круг од колегата Албон.

Вториот дел од квалификациите повторно за Верстапен, о овој пат отј беше сам о,5 десетинки од Леклер и двојно повеќе од Фернандо Алонсо.

Александер Албон беше најбрз од отпаднатите со само половина десетинка побавна обиколка од Џорџ Расел, возачот на Мерцедес кој беше најбавен од првата десеторка. Нико Хулкенберг со своето 12то време ќе тргне крај Албон, а изненадувачки, Луис Хамилтон постави 13то време и отпадна во средниот квалификациски сегмент.

Кинезот Гуанју Жу од Алфа Ромео ќе стартува крај Хамилтон, а Ник де Врис имаше најбавно време во ове 15 минути од сесијата.

По првата серија летечки кругови во послендиот сегмент, Чеко Перез постави најбрзо време пред Алонсо и Саинз додека Верстапен погреши и не постави време.

ШАрл Леклер тргна силовито во својот последен обид, се гледаше дека претерано форсира и излета на некои 100 секунди пред крајот на квалификациите, така што Серхио Перез освои пол позиција, а првиот стартен ред ќе го дели со Фернандо Алонсо. Саинз и Магнусен ќе тргнат од вториот ред, додека Гасли и Расел од третиот. Малерозниот Леклер крај Окон ќе стартуваат од 7мо и 8мо место, а Верстапен и Ботас од 5от ред.

Image

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ