Маја Вог стана прва жена во Академијата на Ферари

Маја Вог, добитничката на Girls on Track Rising Stars наградата на ФИА си заработи место во славната Формула 1 Академија на Скудерија Ферари за млади возачи.

По интензивниот процес на селекција од страна на италијанците, 17-годишната девојка од Холандија е одбраба и доверен и е договор за цела сезона во овогодишната Формула 4 серија како дел од Академијата на ФЕрари по што стана прва жена со место во престижната програма.

Girls on Track Rising Stars програмата е започната од страна на ФИА и Академијата на Ферари со цел да се најде најдобрата јуниорка во тркањето помеѓу 12 и 16 години. Вкупно беа проценувани 40 девојчиња, а во финале влегоа четири од нив и тоа Антонела Басани – 14 години, Дориен Пин – 16 години, Џулиа Ајуб – 15 години и Вог која неодамна наполни 17 години. Финалистките имаа тридневна програма на француски Пол Рикар и добија можност да се доажат во Формула 4 болид во однос на времето кое претходно го постави Артур Леклер. Следуваше програма за проценка на финалиските во седиштето на Академијата на Ферари во Маранело каде Вог излезе најсилна.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ