“Мекиот“ звук на моторот ги донесе семејствата на патеката, сметаат во Мерцедес

Главниот и одговорен за моторите во Мерцедес, Енди Кауел, смета дека мекиот и помалку агресивен звук на Формула 1 хибридните мотори ги охрабриле семејствата да присуствуваат на Гранд При тркачките викенди.

Моторите се неверојатно напредни во однос на ефикасност од почетокот на В6 турбо хибридната ера која стапи на сцена од почетокот на 2014 година. Но, и покрај напредноста, многу се загуби во однос на звукот така што денешните мотори не се ни бледа копија од лутите В8-ци и В10-ки од минатото.

Енди Кауел смета дека звукот од денешните мотори не е толку негативен затоа што многу помогнал во зголемување на гледаноста на трките од самите патеки и враќањето на цели семејство на трките.

во 2014 година нашите мотори не звучеа добро затоа што имавме лесни издувни системи. мислам дека денеска сите мотори звучат драстично подобро, звуците се убави, долги и еднакви и мислам дека звукот е пријатен, не се претерано гласни, но се доста гласни.

сите серии кои се поддршка на формула 1 денеска имаат турбо мотори и сите звучат речиси исто поради што гледаме се повеќе семејства на патеките.

претходно со гласните в8 мотори и уште поврескачките в10 немаше шанси некое дете да се приближи до патеката затоа што тие буквално влијаеа над нив. многу од нас имат ошетен слух од работа во оваа индустрија, така што мислам дека помекиот звук е добар за нас.

тукушто освоивме шест последователни двојни титули и имавме 18 месеци развој пред таа прва сезона од турбо хибридната ера за оптимизација. почнуваме да бараме и истражуваме во области каде што не сме ни се надевале дека ќе имаме придобивки затоа што се е важно. со секое подобрување на моторот, тој станува посилен и поиздржлив – смета кауел.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ