Мекларен бараат поедноставување на правилата

Според Андреа Стела, тимскиот шеф на Мекларен, ФИА мора да размисли за поедноставување на Формула 1 правилата за да се олесни работата на тимовите и Федерацијата. 

Мекларен имаше преструктуирање каде Андреа Стела стана нов шеф по заминувањето на Андреас Сеидл, додека Жил де Феран е консултант на тимот каде техничкото водство го превземаа тројца инженери од рацете на исто така заминатиот Џејмс Кеј. 

Иновациите и еволуцијата кои ги започнавме имаат приоритет и брзо ги идентивикувавме. Се работи во техничкиот дел кај аеродинамиката, Но тоа е тежок процес.

Правилата се доста покомплицирани од минатото, а Тука се и финансиските правила. Сакавме да посветиме внимание на раководството во тимот и да ги искористиме шансите – посочи стела.

Тимовите мораа да вработуваат луѓе за да се внимава на штедењето и лимитираниот буџет откако Ред Бул доби казна за надминување на буџетот. 

Доколку размислувате за финансиските правила може да видите колку време посветиле во ФИА за да ги постават. Тоа го споделуваат со тимовите.

Секако, ние како Мекларен подржуваме поедноставување на правилата. 

Претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем претходно зборуваше дека треба да се зголеми капацитетот на ФИА за да се надгледуваат техничките и финансиските правила. Во Џеда правилата се најдоа на удар откако Фернандо Алонсо беше казнет и казната беше отфрлена по жалбата.  Стела со овој пример повика на поедноставување на правилата. 

ТОа е насоката во која сакаме да се движиме бидејќи во моментов тешко е да се води Ф1 тим. Секако е многу покомплицирано од минатото и станува покомплицирано и за ФИА. 

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ