Мекларен бара поголем буџет за одржливост

Екипата на Мекларен преку својот Главен извршен директор, Зек Браун, бара итна промена на Формула 1 регулативата и тоа веднаш по објавувањето на нивниот извештај за одржливост.

Со цел да се помогне да се остварат целите поставени во однос на одржливоста, Браун бара промени во финансиските и техничките правила на спортот. Во својот извештај за одржливост објавен неодамна, екипата пнаведува низ совети кон исполнување на поставение цели.

Извештајот наведува намалување на 22% на емисија на стакленичките гасови со 2019 година како базна, промена на светлата во ЛЕД низ целиот Технолошки центар во Вокинг за да се заштеди доволно електрична енергија за да се напојуваат 100 просечни британски домаќинства. Дури 33% од новите вработувања во компанијата доаѓаат од потиснати заедници, нешто на што многу внимаваат за засилување на инклузивноста.

Но и покрај постигнување на овие цели, американецот побара од Формула 1 да се направат промени на регулативите за да се постигнат повисоки цели.

ние веруваме во ограничувањето на буџетите и не сакаме да видиме со тоа да се поткопа интегритетот на спортот и правилата за да не се создадат нееднаквости. фантастично е да се види поддршката од формула 1 и сите екипи во однос на одржливоста и воодушевени сме што фиа направи работна група за да се прецизираат следните чекори. но, за да се отклучи потенцијалот на спортот и да се насочи кон развој на одржливите технологии што може да донесат позитивни глобални трендови, ни треба промени и тоа големи.

тоа значи изедначување на гридот за да се работи заедно кон постигнувањ на исти цели и тоа значи неправење на компромис помеѓу инвестирање во перформанси на болидот и одржливост. на нашиот спорт му треба регулаторна рамка со финансиски, техинчки и спортски цели за поодржливи и иновативни мерки.

треба да најдеме подобар начин да ги разменуваме искуствата низ нашата индустрија затоа што само таква вистинска соработка ќе ни помогне да направиме значителна промена и ако сакаме да направиме значителен чекор со новите правила од 2026 година, потребни се промени веднш – посочи браун.

Промените кои се бараат од Мекларен се вклучување на низа исклучоци од буџетот кој ќе ги поддржат проектите фокусирани кон одржливост без да наштетат на буџетот наменет за тркање. Потенцирани се различностите, инклузивноста, иницијативите за тренинг и обука, добросостојбата на луѓето од тимот и различни мотивирачки програми.

Исто така од Мекларен бараат и промена на техничката регулатива за да се охрабри користење и на материјали од одржлива природа и такви процеси при развојниот циклус на болидот.

Британците сакаат и промени во Конкорд договорот каде сакаат да се додадае цели и критериуми кои мора да се задоволат низ тркачкиот календар, во падокот и моторхоумовите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ