Мекларен добија дозвола да ја променат шасијата за моторот на Мерцедес

Мекларен добија дозвоал да направат промени на нивната овогодишна шасија за следната тркачка сезона со цел да го сместат моторот на Мерцедес во болидот, откако согласно претходно постигнат договор, годинава е последна за нив на Рено, а од следната ќе имаат мотор со “сребрена стрела“ на него.

Формула 1 објави дека планираните големи промени се одложуваат за 2022 година поради тешката финансиска ситуација која се очекува по ударот врз економијата кој го предизвикува корона вирусот. Екипите продолжуваат со истите болиди и догодина поради заштеда, а голем дел од деловите ќе бидат замрзнати.

одлуката за пролонгација на правилата не влијае врз нашата одлука да го промениме доставувачот на мотори за следната година и ќе ни биде дозволено да ги направиме неопходните промени на шасијата за да го сместиме моторот – откри андреас сеидл, шефот на екипата.

Во моментов првите осум трки од календарот се откажани, а оптимизмот дека сезоанта ќе почне летоска сеуште постои.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ