Мекларен доведоа искусен аеродинамичар од Астон Мартин

Мекларен кај себе го доведоа Мариано Алперин, искусен аеродинамичар од Астон Мартин како почеток во нивниот агресивен план за засилување на техничкиот оддел на Формула 1 тимот.

Неделава тимот најави реструктуирање на техничкиот менаџмент од екипата, замина главниот технички шеф Џејмс Кеј, а дојде Давид Санчез, францускиот инженер кој до скоро работеше во Ферари. Андреа Стела заедно со Зек Браун темелно ја анализирале оргнизациската поставеност и дошле до заклучок дека аеродинамичкиот оддел не е доволно добар за да се спротистави а врвните екипи.

Според Motorsport.com, со цел да се подобри аеродинамичкио оддел, веќе биле донесени 15 нови инженери, некои веќе работат во Вокинг, а други, поради претходното аботно искуство, ќе мора да почекаат. Најискусните инженери имале свое претходно искуство од Ферари, Ред Бул и Астон Мартин.

Алперин е еден од шефовите на аеро одделот на екипата од Сиверстон и еден од кучните за трансформацијата на тимот и формата која во моментов ја има. Тој има искуство од работа во Минарди и во БАР, по што станал главен аеродинамичар на Хонда од 2006 до 2007 година. Одтаму го предводел одделот за аеродинамика во Заубер од 2008 до 2019 година пред да мине во Астон.

Мекларен сметаат дека е неопходна промена за да се искористат можностите кои им се укажуваат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ