Мекларен загубиле доста делови при сударот на Саинз во Муџело

Сударот на Карлос Саинз при првиот рестр во Муџело донел големи проблеми во Мекларен затоа што тимот морал напорно да работи за да произведе доволно делови за Големата награда на Русија претсојниот викенд.

Портокаловиот болид со број 55 има значителни оштетувања за време на трката по што производството во Вокинг работело “до даска“.

карлос немаше среќа што беше дел од толку голем карамбол во тоскана, но среќа што никој не беше повреден. од гледна точка на производството загубивме многу делови за време на викендот во муџело поради што моравме да работиме под полна пареа за да се подготвиме за сочи.

целата фабрика работеше во смени за да одговориме на предизвикот во однос на деловите кои на екипата и се потребни на патката за да осигураме дека сме пдоготвени за секој поредизвик – објасни пиерс тин, директорот на производство во мекларен.

Вообичаено во овој дел од годината тимовите работат на следните болиди, но поради замрзнувањето на правилата, Мекларен сеуште се фокусираат на оваа сезона.

иако помина половина од сезоната, сеуште сме фокусирани на тековнит езадачи и напорно работиме. балансот на реурсите помеѓу новини и подобрувања на болидот, резервни делови и пакетот за следната година, продолжува да биде интересен предизвик. ќе носиме новини на следните трки со цел болидот да биде подобар.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ